Научниците се занимаваат со секакви чудни статистики кои откриваат необични обрасци кои се присутни во нашите животи. Така, една студија објавена во Швајцарија покажа дека шансите да умрете на вашиот роденден се за 14% поголеми отколку во кој било друг ден.
Дека е тоа така, докажува и фактот што на роденден починаа Вилијам Шекспир, актерката Ингрид Бергаман, Рафаело и многу други.
Невообичаените резултати добиени со анализа на голем број податоци покажаа дека шансите за умирање на роденден се поголеми од 13,8 отсто, а дека шансите се зголемуваат со возраста, така што кај луѓето над 60 години шансите се и до 18 отсто поголеми од сите други ден.
Истражувањата покажаа дека ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести, вклучително и срцев удар, е поголем за 18,6 отсто на роденден, а ризикот од смрт од мозочен удар е дури 21,5 отсто поголем на денот на раѓање. Умирањето од ефектите на ракот на денот на раѓање е исто така поверојатно отколку во другите денови.
Процентот на самоубиства кај мажите на родендени е поголем за 34,9 отсто, а шансите за смрт од несреќа се поголеми за 28,5 отсто. Интересен е податокот дека шансите да умрете од последиците од случајно паѓање на денот на раѓање се дури 44 проценти.
Научниците се поделени околу тоа зошто се поголеми шансите за смрт на роденден. Едно од можните објаснувања е теоријата за одолговлекување, односно дека тешко болните истраат до својот роденден за да доживеат уште еден симболичен јубилеј во животот.
Друга теорија вели дека „настанот“ на роденденот е сам по себе виновен за поголем број смртни случаи. Авторите на оваа теорија сметаат дека стресот одиграл исклучително важна улога во голем број на смртни случаи на родендени, а со тоа придонел за бројот на несреќи и бројот на жртви, што тие го нарекле роденденска депресија.
Психологот Ричард Вајсман од Универзитетот во Хертфордшир вели дека има две објаснувања.
– Едното е дека сте јаделе премногу (за роденден) и тоа предизвикало смрт, а другото објаснување е плацебо ефектот. Сите се плашат од смртта и живеат од еден до друг роденден, а потоа мислат: „Тоа е тоа, доста ми е од се, заминувам одовде“ – изјавил Вајсман.