Молдавија протера руски дипломат поради отворање избирачки места за претседателските избори во Русија во нејзиниот отцепен регион Транснистриа(Приднестовје), соопштија од Министерството за надворешни работи откако во вторникот го повика рускиот амбасадор, според Гардиан.
Од министерството протестираа поради отворање избирачки места во Транснистриа, проруска енклава која се одвои од Молдавија во времето на распадот на Советскиот Сојуз.
The Russian Ambassador, Oleg Vasnețov, has been summoned to the #MFA. The Moldovan side expressed its protest against the presidential elections held by Russia in the Transnistrian region, against Moldovan authorities’ stance.
A diplomat was declared persona non grata.
— Mihai Popșoi (@MihaiPopsoi) March 19, 2024
Во претходни изјави од молдавската влада, потегот на Русија е наречен непочитување на суверенитетот на Молдавија.
Транснистриа, која граничи со Украина на исток, ја задржа автономијата од Молдавија веќе три децении со поддршка од Русија.
Откако Москва го започна својот целосен напад врз Украина, властите во Чисинау, главниот град на Молдавија, се загрижени дека Кремљ би можел да ја искористи Транснистриа за отворање нов фронт на југозапад, во правец на Одеса, пренесе Гардиан.
Д. Т.