Можно е да биде покренато обвинение за минатонеделното пукање на снимањето на филмот „Rust“ во Ново Мексико, кога актерот Алек Болдвин ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот на филмот Џоел Суза, соопшти американската полицијата.

Advertisements

„Сите опции се на маса. Никој не е исклучен од кривичен прогон во овој момент“, изјави окружната обвинителка Мери Кармак-Олтвис за можното обвинение, пренесува Би-Би-Си.

Инспекторите соопштија и дека имало „некои пропусти“ кога станува збор за безбедноста за време на снимањето.

Презентирајќи ги првите наоди од истрагата, окружниот шериф на Санта Фе, Адан Мендоза, рече дека се сомневаат дека на снимањето имало повеќе вистински куршуми.

„Утврдуваме како стигнале таму, зошто биле таму, бидејќи тоа не е дозволено“, рече Мендоза.

Тој додаде дека полицијата досега собрала 600 докази, од кои три огнени оружја и 500 куршуми.

Мендоза изјави и дека на полицијата, како доказ, ѝ е предаден куршумот изваден од рамото на повредениот Суза.