Ако некогаш сме биле изложени на сојот омикрон на коронавирус, најважното прашање што секогаш се поставува е: дали постои страв од повторно заразување со истиот вид?
Омикронската варијанса не дава имунитет и постои можност за повторна инфекција со овој вид на вирусот.
Студијата на научниците од Империјалниот колеџ во Лондон покажа дека луѓето кои ја имале омикронската варијанта на вирусот немаат заштита од повторна инфекција со вирусот.
Истражувачите откриле дека иако луѓето имале одреден степен на антитела со првата форма на ковид и други подоцнежни варијанти на вирусот, тие не го откриле ова кога ги истражувале соевите на омикрон.
Овие наоди би можеле да објаснат зошто луѓето кои имале омикрон наскоро повторно ја „закачиле“ истата форма на вирусот.
Добрата вест е дека бројот на смртни случаи од ковид е намален, и покрај овие тврдења.
Професорот Дени Алтман од Одделот за имунологија и инфекции објасни дека омикронот е способен да „лета под радарот“ така што човечкиот имунолошки систем не може да го запомни.
Омикрон и неговите варијанти се одлични во пенетрациите, но лоши во поттикнувањето имунитет, па тогаш добиваме нови инфекции. Не само што може да ја пробие бариерата на вакцината, туку се чини дека остава многу малку траги на имунолошкиот систем.
Истражувањето покажа дека кај оние кои трипати биле вакцинирани без претходна инфекција, омикрон обезбедил зајакнување на имунитетот против претходните соеви на коронавирусот – изјави Алтман.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.