Поранешниот супермодел, сега успешна претприемачка и телевизиска ѕвезда, Хајди Клум потврди дека времето за неа не постои.
И покрај тоа што влезе во шестата деценија, таа сè уште плени со својот сексапил, а изгледот на Хајди Клум, особено витката линија и заносна убавина, навистина не избледува.
Може да се каже дека модната писта е нејзиното природно живеалиште, бидејќи секогаш кога ќе се појави на сцената, Хајди продолжува да предизвикува восхит низ целиот свет.
Хајди Клум секако знае како да привлече внимание, а на неодамна одржаните 67. Греми награди во Лос Анџелес со својот изглед ја остави публиката без здив.
Долгиот, тесен фустан, украсен со впечатливи детали, одлично ја истакна нејзината беспрекорна фигура, а изгледот на Хајди Клум уште еднаш ги воодушеви присутните. Посебен акцент беше ставен на смелиот и целосно отворен горен дел од фустанот кој го покажа совршено обликуваното деколте на оваа педесет и едногодишна жена.
Појавата на Хајди Клум во нејзините педесетти јасно дава поинаков увид во зрелоста, од која многу жени се плашат. Нејзиниот изглед, стил и волшебната харизма уште еднаш докажаа зошто ја носи титулата на модна икона која продолжува да ги диктира трендовите.
Текстот Модна икона која не познава години: Хајди Клум блеска и во шестата деценија е превземен од МАКФАКС.