Додека вирусот на мајмунски сипаници се шири во САД и Европа, фармацевтската компанија Модерна тестира во претклинички испитувања потенцијална вакцина против болеста.
Светската здравствена организација денеска објави дека се потврдени 131 инфекција со вирусот на мајмунски сипаници и уште 106 сомнителни пациенти откако на 7 мај беше откриен првиот случај надвор од земјите каде што инфекцијата традиционално се шири.
Од Модерна не одговорија веднаш на барањето да дадат повеќе детали за вакцините против мајмунски сипаници.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека владата е во процес на одобрување на дистрибуција на вакцина против мали сипаници, направена од компанијата Bavarian Nordik A/S С, за употреба во случаи на мајмунски сипаници.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.