Ред Бул, кој е сопственик на Алфа Таури, планира големи инвестиции во споменатиот Формула 1 тим, а постои можност генерален спонзор да биде познат моден бренд.
Во последните месеци австриската корпорација ги демантираше наводите за можна продажба на тимот, а дека имаат големи планови со Алфа Таури потврдува и одлуката да тимски шеф да биде Лоран Макис, кој пристигнува од Ферари.
Ред Бул, најави уште поголеми инвестиции со можна реорганизација на сите полиња, а специјализираните портали „RacingNews365.com“ и „Formula.Hu“, јавуваат дека Хуго Бос е во процес да стане главен спонзор на тимот. Овој моден бренд е веќе присутен во Формула 1 како спонзор на тимот на Астон Мартин.
Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко изјави дека тимот од Фаенца сигурно ќе го смени името за следната година. Шампионатот во Формула 1 продолжува на 27. август со Големата награда на Холандија.