Министерството за надворешни работи на Украина остро го осудува уште еден израз на непочитување од страна на Република Белорусија кон суверенитетот на Украина – одржувањето на „официјална“ средба на Александар Лукашенко со претставник на руската окупаторска власт на привремено окупираната територија на Украина.
Оваа средба потврдува дека позицијата на актуелната власт на Белорусија е диктирана од Кремљ и не е во согласност со меѓународното право.
Министерството за надворешни работи на Украина го повикува белорускиот народ да сфати дека постојаните изјави на Лукашенко за „топли чувства“ кон украинскиот народ звучат како подбив, а неговите постапки ги нарушуваат принципите на добрососедство.
Непријателските постапки на политичкото раководство на Белорусија ќе имаат негативни последици за украинско-белоруските односи, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Украина.
М. Д.