МНР на Украина: Новите злосторства на Кремљ станаа можни само затоа што сторителите на злосторствата од минатиот век никогаш не беа изведени пред лицето на правдата

Пред 80 години, тоталитарниот советски режим предводен од Сталин насилно депортираше речиси двесте илјади Кримски Татари и ги испрати во егзил. Тешкиот пат на депортација стана пат на смртта за многумина – само во првите години на егзил, околу половина од депортираните починаа.

Депортацијата на кримскo-татарскиот народ стана едно од ужасните злосторства на советската влада во рамки на систематската геноцидна политика на бришење на националниот идентитет. И, токму сега, во услови на привремена окупација од страна на Русија на Крим и градот Севастопол, кримско-татарскиот народ продолжува да трпи политички прогон и угнетување на национална основа.

Новите злосторства на Кремљ станаа можни само затоа што сторителите на злосторствата од минатиот век никогаш не беа изведени пред лицето на правдата. Чувството на неказнивост го поттикна и продолжува да го поттикнува Кремљ да ги повторува најужасните злосторства. Овој затворен круг може да се прекине само ако на Украина ѝ се обезбеди сета поддршка што ѝ е потребна со цел да се победи руската агресија, да се ослободи украинската земја и да се изведат злосторниците пред лицето на правдата.

Во украинскиот Крим ослободен од руска окупација, домородниот кримско-татарски народ ќе има иднина, соодветна безбедност и можности за развој и просперитет.

Крим е Украина!

Министерство за надворешни работи на Украина