Според истражувањето на социолошката компанија Cluster17, дури 60 проценти од жителите на Европската Унија сакаат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да поднесе оставка, објави „Ле Гранд Континент“.
Поддршката за нејзиното заминување е особено висока во Франција (70 проценти од испитаниците), додека 49 проценти од Полјаците, 54 проценти од Германците и 60 проценти од Италијанците и Шпанците веруваат дека Фон дер Лајен треба да се повлече.
Фон дер Лајен, докторка по образование и долгогодишна германска политичарка од редовите на Христијанско-демократската унија, беше министерка за одбрана на Германија од 2013 до 2019 година, кога беше избрана за првата жена на чело на Европската комисија. Нејзиниот мандат беше обележан со бројни предизвици, од пандемијата и „зелената агенда“ до енергетската криза и војната во Украина.
Фото: принтскрин
Текстот Мнозинството граѓани на ЕУ се за оставка на Урсула фон дер Лајен, според последни истражувања е превземен од МАКФАКС.