Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува длабока рецесија во Русија поради санкциите што Западот ги воведе кон земјата, предупреди Кристалина Георгиева, шефица на ММФ.
„Санкциите сериозно влијаат врз руската економија. Да, очекуваме длабока рецесија во Русија. Тоа што Русија не ги исполнува своите обврски веќе не го сметаме за неверојатен настан. Оваа земја има пари за сервисирање на долгот, но нема пристап до нив“, изјави Георгијева за Си-би-ес.
Шефицата на ММФ додаде дека не гледа предуслови за светската финансиска криза поради настаните во Украина и санкциите воведени кон Русија.
Меѓу можните последици од украинската криза, таа ги спомена гладот во Африка, растот на цените на енергијата, вештачките ѓубрива и металите, како и зголемената инфлација.