На улицата Благоја Стефковски во Скопје, синоќа околу 21 часот се случи сообраќајна несреќа, пришто прегазен е 54-годишен пешак.
Според информацијата од МВР, во пешакот удрил автомобил, управуван од Б.И.(24) од селото Грчец, скопско.
Пешакот е тешко повреден и пренесен во Градската болница „8 Септември“.
Извршен е увид на местото на несреќата.
Текстот Млад возач удри пешак во Скопје, во болница е со тешки повреди е превземен од МАКФАКС.