Хорор во скопската населба Ѓорче Петров.

Мајка пријавила во полицијата дека нејзиниот 15-годишен син примил порака на социјална мрежа од лажен профил на неговата девојка, за да се сретнат.

Потоа, според информацијата на МВР, момчето заминало на договореното место, но наместо да се сретне со девојката било пресретнато од четири машки лица од кои едниот го познавало од претходно.

Според пријавата, четворицата го грабнале и однеле во куќа во Ѓорче, по што го натепале и му го украле мобилниот телефон. За ужасот да биде поголем, насилството го снимале и го објавиле на социјална мрежа, а подоцна видеото било избришано.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот