Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, планира веднаш да свика специјален самит на европските лидери во случај на руски напад врз Украина.
„Тоа ќе обезбеди обединета одлука за санкциите“, рече денеска Мишел на Минхенската безбедносна конференција и додаде дека во изминатите неколку недели биле подготвени различни сценарија за оваа цел.
За заканата од руските војници во близина на границите на Украина, Мишел рече:
„Тие се надеваа дека ќе посеат раздор, ќе го ослабат нашиот сојуз и ќе нè поделат, но го постигнаа токму спротивното“.
Тој нагласи дека кохезијата е зацементирана и во ЕУ и преку Атлантикот.
Русија продолжува да ги негира плановите за напад на својот сосед, пренесе ДПА.