„Смртта на Навални беше последна етапа од репресијата што тој ја доживеа. Од властите, кои веќе не се ни диктаториски, туку терористички во Русија на чело со Путин. Репресијата врз Навални и самата смрт, што слободно може да ја наречеме убиство, не е само за да се убие Навални, туку и да се убие надежта на Русите, на оние останати Руси што не се согласуваат со неговата политика“ рече активистот Драган Мишев во емисијата „200“ на Алсат М.
Тој додаде дека Навални бил свесен дека може да биде затворен и убиен и токму затоа при неговите обраќања до рускиот народ повикувал да не се повлекуваат од борбата.
„Токму тој пркос што го кажуваше дури и од затвор, по цена на сопствениот живот, токму тоа е тоа што го плашеше Путин. Дека може тој негов пркос да се прошири меѓу останатите Руси и да станат попркосни и да сфаќат што се случува“ рече Мишев.