Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и лидер на Нова демократија по победата на партијата на денешните парламентарни избори изјави дека е задоволен од „сигурното мнозинство“ што го освои и вети дека ќе продолжи со клучните реформи со забрзано темпо.
„Ќе останам верен на мојата национална должност и нема да толерирам ароганција или вообразено однесување“, рече тој, пренесува Катимерини.
Првите официјални резултати покажуваат дека Нова демократија е победник на парламентарните избори во Грција, кои на Мицотакис му обезбедуваат нов четиригодишен мандат. Врз основа на 91 отсто преброени гласови, според податоците на Министерството за внатрешни работи, постои голема веројатност оваа конзервативна партија да има 158 пратеници во 300-члениот парламент.