Во делот на здравството, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вети вработување на здравствен кадар, односно 500 лекари и 500 медицински персонал којшто е потребен во јавните здравствени установи.Тој додаде:
-Се враќаме на концептот еден клинички центар, нема да има повеќе дуализам, нема да има политички директор и економски директор, туку ќе има раководители на клиники коишто ќе ги управуваат тие клиники и еден клинички центар којшто ќе се грижи да биде се како што треба и да се бори против ваквиот тип на злоупотреби како што беше оној случај во Универзитетската клиника за радиологија и онкологија, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски вети дека приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде завршување на Клиничка болница во Штип. Опремувањето ќе биде со најнова софистицирана медицинска опрема. Кадровско доекипирање на болницата со соодветен кадар од сите профили, медицински, помошен и немедицински кадар, .
Едно од ветувањата во програмата Платформа #1198 е ограничување на маржите за лекови, потрошен материјал, медицинска опрема и суплементи, додаде Мицкоски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.