Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, објави статус на „Фејсбук“ во кој најави победа на неговата партија на локалните избори.

„Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија!“, напиша Мицкоски.

Во моментов се бројат резултатите и наскоро се очекува да се огласат од партиите да кажат кој каде победил на локалните избори.