Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јанчев прогласи победа во првиот круг во Општина Кавадарци. Тој вети дека ќе биде сработено и повеќе од ветеното.

Според ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат е Јанчев, тој повторно ја добил довербата и освоил мандат од нови четири години.

Според официјалните податоци од Државната изборна комисија, до 22 часот се преброени околу 10 отсто од гласовите за градоначалник во Кавадарци, а Јанчев води со 1.782 гласа, наспроти противкандидатот од СДСМ, Горан Тодоров, кој има 536 гласа.