На последниот натпревар за избор на најгрдо куче во Америка, победи чивава-мешанец по име Мистер Хепи Фејс („Среќно лице“).
Натпреварот се одржа во Петалума, Калифорнија, САД, а сопственичката Џенеда Бенали и нејзиното милениче ја освоија главната награда од 1.500 долари и патување во Њујорк.
Американката која живее во Аризона, го посвоила ова куче пред 10 месеци…
Таа инаку барала куче кое има најмалку шанси за посвојување.
Хепи Фејс живеел во лоши услови сѐ дури не пристигнал во прифатилиштето. Бил запоставен, а и денес, на 17 години има тумори и невролошки проблеми, носи пелени и се бори да оди исправено.
Ја држи главата навалена, а кога е среќен испушта звук кој потсетува „на мотор на камион“, се шегуваат љубителите.
Овој натпревар е со цел поттикнување на посвојувањето кучиња – дури и на оние со одредени пречки во развојот.