Постојат некои комплименти кои мажите обично го изговараат набрзина, а жените неретко дури по неколку часа сфаќаат дека всушност добиле нешто што повеќе личи на навреда отколку на комплимент.
Најлоши се оние слатки зборови кои Ви оставаат триста прашалници над главата и поради коишто се чувствувате и збунето и луто.
Еве ги најчестите „комплименти”, кои Вие господа, треба да ги заборавите.
1. „Инаку не ми се допаѓаат русокоси, но…”
…Но што? Треба да сте почестена зашто сте исклучок? Зошто русокосите се вообичаено полоши?
2. „Поубава си од сите твои пријателки.”
Зошто би ја споредувале со нејзините другарки? Има многу други начини да и покажете дека е посебна.
3. „Не си онака типично убава, туку си баш посебна.“
Егзотична, посебна, необична… Тоа се се пасивно-агресивни комплименти кои треба итно да се искоренат.
4. „Толку си убава кога ќе се нашминкаш.”
Ова е јасен знак на непочитување на нејзината природна убавина.
5. „Како е можно да си толку убава и паметна?”
Зарем едното го исклучува другото? – Прашањево е реторичко, но треба да се возврати како одговор на претходното. Одговорот е јасен.
6. „Баш си „?“ за една девојка.”
Тука обично се наоѓа придавка како „паметна“, „духовита“… Како да е необично девојките да се духовити?!
7. „Мојата поранешна е исто русокоса, но ти си многу поубава.”
Уште еднаш – не ја споредувајте со други жени! Посебно не со вашите „поранешни“.