Можеби мислевте дека со изборот на диетални газирани пијалоци наместо оние повкусните ќе направите многу за вашето здравје, но експертите велат дека грешите.

Повеќето истражувања веќе докажаа дека вештачките засладувачи го зголемуваат ризикот за појава на дијабетес, срцеви болести и мозочен удар.

Меѓутоа, ако тоа не ви е доволна причина да го намалите внесувањето на овие пијалоци, еве уште една причина која ќе погоди голем број на мажи.

Имено, според резултатите на едно истражување, кое го спроведоа научниците на Универзитетот во Тексас на чело со Шерон Фаулер, кај мажите кои пијат газирани пијалоци еднаш дневно обемот на половината за девет години ќе се зголеми за осум сантиметри.

Од друга страна, оние кои никогаш не ги консумирале овие напитоци немале проблем или обемот на нивната полвина пораснал незначително.

Алтернатива:

Затоа, доколку сакате рамен стомак, исфрлете ги овие пијалоци од вашата исхрана. Ако не можете без „слатките“ меурчиња, преминете на минерална вода.