Еден 26 годишник е очаен бидејќи не може да има секс со својата девојка која тврди дека неговиот пенис е преголем.

„Мојата девојка не сака да има секс со мене бидејќи многу ја боли. Мисли дека мојата машкост е преголема. Нејзината нервоза ми го убива расположението и двајцата стануваме многу фрустрирани. Со другите девојки што сум бил никогаш не се жалеле. Мислам дека пенисот ми е просечна големина, но таа тврди дека не е така“, му напиша момчето на познатиот доктор Деидри Сандерс кој е стручњак за врски и секс.

Тој во написот додал дека е во врска шест месеци и дека навистина сака да има угоден секс со девојката, а не болен.

Нежност, стрпливост и многу предигра

„Би рекол дека твојата девојка не е тотално возбудена кога имате секс. Треба да бидеш понежен и да и пружиш многу предигра без брзање. Експериментирајте и со други пози“, советува докторот Деидри.