Претставниците на 100 влади и меѓународни организации учествуваат на глобален мировен самит за Украина во Швајцарија, на 15 и 16 јуни. Во своето обраќање на првата пленарна сесија, претседателот Володимир Зеленски истакна дека акциониот план заснован на рамката на самитот ќе ѝ биде претставен на Русија на идната мировна конференција, објави Ројтерс, пренесе Кијив Индепендент.
Нацрт-документот, повикува на пат до мир заснован на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации. Во него се изразува и поддршка за територијалниот интегритет на Украина.
„Конкретно, ја потврдуваме нашата посветеност да се воздржиме од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичка независност на која било држава, принципите на суверенитет, независност и територијален интегритет на сите држави, вклучително и Украина, во нивните меѓународно признати граници, вклучувајќи ги територијалните води и решавањето на споровите по мирен пат, како принципи на меѓународното право“, се вели во документот.
Документот ги потврдува „меѓународно признаените граници“ на Украина и ја обвинува Руската Федерација за започнување војна што предизвика „човечко страдање од големи размери“, објави Ројтерс на 15 јуни.