Ликерот од јајца, попознат по оригиналното име eggnog, е особено популарен во зимската сезона – непосредно пред празниците. Не е напорно или тешко да се подготви, но потребно е добро да се излади пред послужување.
Познатата готвачка Марта Стјуарт има одличен рецепт за домашен eggnog!
Идеално е да го послужите во тавче, а можете да го послужите со цимет, слатка павлака, морско оревче …
Состојки:
6 жолчки
2 белки
700 мл млеко
250 мл слатка павлака
60 мл рум
60 мл бурбон
340 мл коњак
150 гр шеќер
морско оревче
прстофат сол
Подготовка:
Изматете ги жолчките со 100 гр шеќер неколку минути.
Загрејте го млекото на оган, со додавање сол. Кога е врело, додадете го во смесата од шеќерот и јајцата и постојано мешајте (внимавајте да не ги зготвите јајцата, додавајте полека). Вратете го на шпорет и варете неколку минути додека не се згусне.
Процедете и истурете во голема тава.
Додадете слатка павлака и целиот алкохол. Покријте и оставете преку ноќ во фрижидер.
Следниот ден изматете ги белките со остатокот од шеќерот. Кога смесата ќе се изедначи и ќе се стопи шеќерот, тргнете ја од оган и изматете во цврстиот снег. Нежно промешајте во изладената смеса.