Медицинската сестра Ружица Матлиеска преку социјалните мрежи го сподели горкото искуство во интерното одделение на струшката болница поради кое се решила за отказ. Таа открива со какви закани, малтретирање и навреди од менаџерката на болницата се соочувала, и покрај тоа што работните задачи ги извршувала максимално професионално.
Додава дека не е чудно тоа што квалитетниот персонал ги напушта работните места.
Сакам да им се заблагодарам на пациентите, како и на директорот Арменд кој беше горд на мене како човек, а потоа и како медицински работник. Голема благодарност до докторите кои навистина им беше жал поради ова. Јас имав огромна поддршка да останам. Благодарност до сите други колеги, кои го почитуваа мојот труд. За сите други, кои облековте униформа мислејќи дека сте Бог, токму вашата менаџерка ве нарекува шпиони. Ве поздравувам господине, министре Фатмир Меџити, немој да се чудите зошто квалитетниот персонал ги напушта болниците, напиша таа
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.