Министрите за надворешни работи на ЕУ ја одобрија одлуката за пренос на профитот од руските средства во Украина

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ одобрија воена помош во вредност од 1,4 милијарди евра за Украина, а пакетот првпат ќе биде финансиран со приходите од замрзнатите средства на Централната банка на Русија, јави ДПА, повикувајќи се на дипломати, пренесува МИА.

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека парите мора брзо да стигнат до Украина и да ги „надминат сите блокади“ за да бидат одобрени на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

ДПА посочува дека таквото одобрување е добредојдено за Кијив во контекст на континуираниот отпор на Унгарија кон каков било пакет воена помош за Украина со средства од вонбуџетскиот фонд на ЕУ наречен Европски мировен фонд, кој располага со над шест милијарди евра.