Министерството за одбрана на Летонија ќе испрати повеќе од 2.500 беспилотни летала, во вредност од четири милиони евра, во Украина, пренесе МИА.
Предвидено е првите 300 летонски дронови да бидат испорачани во Украина наредните денови.
Летонскиот министер за одбрана Андрис Спрудс изјави дека беспилотните летала се произведени од седум летонски компании.
Министерство за одбрана на Летонија за годинава одвои 20 милиони евра за потребите на коалицијата за обезбедување на беспилотни летала, од кои повеќе од 10 милиони се наменети за купување на дронови од фирми од летонската одбранбена индустрија.
Во периодот од април до мај годинава, Летонија испрати 135 дронови и опрема за електронско војување во вредност од приближно еден милион евра.
Меѓународната коалиција за обезбедување беспилотни летала за Украина вклучува 14 земји. За снабдување на Киев со таква опрема досега издвоиле вкупно над половина милијарда евра.