Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, семејни причини.
Во кратка изјава за медиумите, Мехај рече дека дополнителни имформации за причините, освен дека тие се семејни, ќе изнесе дополнително.
Според јавната радиотелевизија РТК, која ја објави информацијата, не е познато дали Мехај ќе преземе некоја нова функција во косовските институции, или пак ќе се врати во Норвешка, каде што живееше и работеше пред да ја прифати поканата на премиерот Албин Курти да стане дел од неговиот кабинет.