Литванскиот министер за култура Игнотас Адомавичиус, кој беше назначен на функцијата само пред една недела, вчера објави дека поднесува оставка, откако неговите претходни изјави за Крим предизвикаа скандал во јавноста, објави Делфи.
Адомавичиус на прес-конференција изјави дека одлучил да поднесе оставка поради растечкиот притисок, потребата да го заштити своето семејство и да не ѝ наштети на владата.
Претходно, изјавата на Адомавичиус за Крим предизвика скандал во Литванија, кога новинар го праша кому му припаѓа Крим, а тој одговори дека тоа е провокативно прашање и дека не сака да дискутира.
Подоцна тој го разјасни својот став дека Крим е „окупирана територија на Украина, која сега е во Русија“.
Украинските знамиња беа отстранети од неговата канцеларија и од прес-салата, што исто така предизвика реакции, по што министерството издаде соопштение во кое се вели дека украинските знамиња беа накратко отстранети поради чистење.
Текстот Министерот за култура на Литванија поднесе оставка по изјавите за Крим е превземен од МАКФАКС.