Министерката за здравство Ирена Хрстиќ во изјава за медиумите даде нови детали за повредените.
Повредени се 11-годишно момче и 7-годишно момче. 11-годишното момче е надвор од животна опасност. Тоа дете е полесно повредено, се работи за површни расеченици.
Второто дете на возраст од 7 години е надвор од животна опасност, но ќе му биде потребна градна дренажа. Поради повредите, има одредена количина крв во градите.
Во болницата „Свети дух“ се двајца возрасни. 50-годишната наставничка, по примарното лекување, е надвор од животна опасност, но ќе оди на одделот за интензивна нега.
Напаѓачот, 19-годишен маж, е надвор од животна опасност, но е на интензивна нега.
Третото дете, 15-годишно, е хируршки третирано во „Ребро“, каде што е донесено со хеликоптер и е надвор од животна опасност.
Текстот Министерката за здравство на Хрватска: Сите повредени се надвор од животна опасност е превземен од МАКФАКС.