Човек кој е предодреден за успех.Како играч замина млад од Македонија, но се врати во татковината и својата играчка кариера ја заврши во Вардар, каде и започна како тренер. 2014 година беше назначен како селектор на младата фудбалска репрезентација на нашата земја.Под неговото водство фудбалерите до 21 година се пласираа на ЕП во оваа возрасна категорија и стана првата селекција во фудбалската историја на Македонија која изборила пласман на едно големо натпреварување кога е во прашање фудбалот. Од 1.август 2021 година станува селектор на А- репрезентацијата на Македонија , со која обезбедува бараж за пласман на СП во Катар 2022 година со што ја заокружува годината на најдобар можен начин и период кој е испишана со златни букви во македонската фудбалска историја. Тоа е Благоја Милевски стратег кој е подготвен да го прифати секој предизвик и да одговори успешно на него.
1.Која е добитната формула на Вашиот успех?
Б.М: Добитна формула или рецепт не постои кај мене, но затоа постои посветеност, максимална работа и професионалност и пред се искреност. Никогаш да не застанувате во тоа што сте го направиле, да напредувате и да ги прифаќате предизвиците кои се пред вас. Јас како личност сум човек кој не се води од тоа што го направил, туку тоа што треба да го направи. Секогаш пред себе имам цел која си ја поставувам и се трудам да ја постигнам.
2.Што значи да се биде селектор на еден национален тим?
Б.М: За мене како човек е огромна чест и задоволство да си селектор на еден национален тим, но од друга страна и голема одговорност за тоа што се очекува од Вас кои сте на тоа место. Одговорност кон нацијата, кон момците со кои работите и пред се кон самиот себе.
3.Која е разликата на водење на еден национален тим во две различни возрасни категории ?
Б.М: Нема голема разлика во водење на национален тим во две различни категории. Како поминува времето мала е границата помеѓу селекцијата до 21 година и сениорскиот национален тим затоа што се работи за играчи кои се на возраст кога се созреани како фудбалери и како личности за да бидат конкуретни во A националниот тим. За мене потешка е работата со репрезентацијата до 21 година,з атоа што е покомплексно и приватно и имате работа со момци кои се на возраст каде покрај фудбалот ги оптеретуваат и работи кои се надвор од нивниот професионален ангажман.
4. Македонската сениорска фудбалска репрезентација ја презедовте во август 2021 година. Колку сте задоволни од работата и резултатите во овој кус период како сте селектор на националниот тим?
Б.М: Презадоволен сум од се во овој период како сум селектор на нашата земја.Начинот на кој што ги одигравме натпрварите беше феноменален. Еднаш реков дека го играме можеби најубавиот фудбал како репрезентација, а доказ е резултатот и пласманот во бараж натпреварот за пласман на СП во Катар.Момците сите кои што досега и кои настапија натпреварите го одиграа одлично, на едно високо ниво со што го привлекоа поголемиот дел нив и вниманието на големите фудбалски тимови.
5.Дали го следите македонскиот фудбалски шампионат и кое е Вашето мислење за квалитетот на ПМФЛ?
Б.М: Искрено,од моја гледна точка не сум задоволен многу од квалитот во македонскиот фудбалски шампионат.Има простор за напредок на клубско и индивидуално ниво.Се надевам дека ќе се случи час поскоро.Има потенцијал во нашата фудбалска лига, но фудбалерите треба да го покажат својот квалитет и треба да работат за да го подобрат уште повеќе. Има играчи во нашата лига кои се потенцијални репрезентативци и од нив самите се зависи кога ќе добијат повик во А националниот тим.
6.Дали ги следите младинските фудбалски репрезентации?
Б.М: Селекциите во младински категории будно се следат од моја страна и мојот стручен тим. Особено селекциите кои се натпреваруваат и пред се мислам на У17, У19 и У21. Треба само да ја негуваме базата која ја направивме во 2014 година која сега ни дава резултати. Мора да продолжиме да работиме во тој правец бидејќи се покажа како успешен и даде резултати.Сите ние како целина заедно со клубовите и стручните лица треба и понатаму така да работиме за да таа база еден ден не ја загубиме.
7.Квалификациите за пласман на СП во 2022 година во ги завршивме на најдобар можен начин со пласман во бараж мечот.Италија ни е следен противник.Како против еден великан на светскиот фудбал?
Б.М: Во ситуација кога доаѓате на место со 12 репрезентации кои обезбедија пласман во еден бараж за фудбалски Мундијал е неблагодарно е да се надевате дека ќе ви се падне условно кажано лесен противник. Ждрепката е таа што е. Факт е дека нашиот противник е актуелен Европски шампион кој зад себе имаше неверојатен настап на последното ЕП каде што учествуваме и ние.Италија е селекција составена од одлични индивидуалци, водена од одличен тренер. Но и ние како селекција имаме свои квалитети и фудбалери кои покажаа дека навистина нашето место е помеѓу најдобрите селекции во Европа и тоа потполно заслужено.
8.Лигата на Нации е исто така следниот предизвик за нашите најдобри фудбалери во 2022 година.Ваш коментар за нашата група.
Б.М: Во групата на Лигата на Нации освен со селекцијата на Бугарија со Грузија и Гибралтар игравме веќе во претходниот циклус натревари. Нашиот источен сосед е носител во нашата група.Се работи за квалитетна репрезентација која во неколку наврати покажа дека може да игра со секого, вклучувајќи ја и Италија со која одигра нерешено во квалификацискиот циклус за пласман на СП во Катар. Грузија ни е добро позната селекција со која игравме во последните година дена три пати. Гибралтар иако на хартија е најслабата репрезентација, не е истиот тим со кој се сретнавме во минатата Лига на Нации. Има голем напредок во нивната игра.На секој меч без разлика на противникот ќе мора да да пристапиме максимално професионално претпазливо и посветено ако сакаме да имаме позитивни резултати во перидокот кој следи.
9. Кои се Вашите желба во Новата 2022 година?
Б.М: Во новата 2022 година посакувам да сме најпрво живи и здрави сите. Фудбалерите да се во добро здравје и да ги одминат повредите ,а за останато сум сигурен дека ќе биде остварено. Сите посакуваме што поскоро да заврши оваа ситуација со пандемијата ,затоа што не ограничи потполно во животот и извршување на работните обврски и активности и буквално животот ни го промени.Оваа прилика ја користам уште еднаш на сите да им ја честитам Новата 2022 година на со желба во Новата година да имаат многу здравје, среќа и успех – заврши со своето обраќање селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски.