Раководството на Милвоки Бакс изненади со одлуката околу наследникот на Мајк Баденхолцер, откако од неколкуте искусни тренери со кои преговараше на крајот се реши да го ангажира Адријан Грифин, стратег што досега нема работено како прв тренер во ниту еден клуб во НБА-лигата.
Грифин сезонава беше прв асистент во тимот на Торонто Pепторс, а според американските медиуми овој стратег најмногу ги импресионирал челниците на Милвоки, па останува да се решат само уште неколку детали пред и официјално да потпише на три сезони со овој клуб.
Интересно, Грифин својот прв ангажман како помошен тренер го имаше токму во Милвоки во 2008 година, каде остана две сезони. Потоа тој имаше иста улога и во Чикаго, Орландо, Оклахома сити и Торонто, тим со кој во 2019 година стигна до титулата во НБА-лигата.
Останува да се види дали овој стратег ќе успее триумфално да го води тимот предводен од Адетокумбо, од кого секогаш се очекуваат победи и атак на шампионскиот трофеј.