Фудбалскиот клуб Милан сериозно е заинтересиран за Жоао Феликс (25), објави инсајдерот на „Скај Спорт Германија“, Флоријан Плетенберг. „Калчомеркато“, додава дека Челзи не е подготвен да го пушти напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната бидејќи го смета за суштински дел од својот тим. Тренерот Енцо Мареска го искористи на 19 натпревари (941 минута) оваа сезона, на кои постигна седум гола и забележа две асистенции.
Милан подготвува нова понуда според која Феликс би дошол на 18-месечна позајмица, по што Италијанците би имале опција да го купат во летото 2026 година за приближно 35 милиони евра.
Феликс е петти најскапиот фудбалер на сите времиња. Атлетико Мадрид го доведе од Бенфика во 2019 година за 127 милиони евра, но португалскиот интернационалец не го оправда тоа на теренот. Тој одигра 131 натпревар, постигна 34 и забележа 18 асистенции за Атлетико, кој го испраќаше на позајмици во Барселона и Челзи.
Челси летово го купи за 52 милиони евра и му даде договор до 2030 година, со опција за продолжување на уште една сезона.
„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 30 милиони евра, а највисоката на истиот сајт била 100 милиони евра.
Најголемите трансфери во историјата според „Трансфермаркт“:
1. Нејмар – 222 милиони евра (Барселона – ПСЖ)
2. Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако – ПСЖ)
3. Филипе Кутињо – 135 милиони евра (Ливерпул – Барселона)
4. Усман Дембеле – 135 милиони евра (Борусија Дортмунд – Барселона)
5. Жоао Феликс – 127 милиони евра (Бенфика – Атлетико Мадрид)
6. Енцо Фернандез – 121 милион евра (Бенфика – Челзи)
7. Еден Азар – 120,8 милиони евра (Челзи – Реал Мадрид)
8. Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид – Барселона)
9. Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила – Манчестер сити)
10. Кристијано Роналдо – 117 милиони евра (Реал Мадрид – Јувентус)
Текстот Милан сака да го позајми Феликс од Челзи е превземен од МАКФАКС.