Тео Ернандез е означен како виновник број еден за елиминацијата на Милан од Лигата на шампионите. Се чини дека исклулчувањето против Феенорд во реваншот за пласман во осминафиналето клупските челници нема да му го простат.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Милан нема да му понуди нов договор на францускиот репрезентативец. Неговиот договор истекува следното лето, па може да се очекува да си замине на крајот од сезоната.

Клубот тогаш може да заработи нешто за Французинот, кој имаше одлични игри за време на неговиот шестгодишен мандат во Милан и се наметна како еден од најдобрите леви бекови во светот.

Но, во последните 18 месеци квалитетот на неговите настапи драстично опадна, а почна да прави и глупости на теренот,како што се неразбирливи дефанзивни киксови, црвени картони, недисциплина, па дури и отворено непочитување кон тренерот.

Милан претходно решително ги одби понудите за левиот бек. Но, сега приказната се менува, а клубот ќе мора да прифати помалау сума за Ернандез. Милан минатото лето можеше да заработи околу 60 милиони евра за левиот бек, за кого на Реал пред шест годони му плати 23 милиони евра. Сега, според проценките клубот може да се надева најмногу на сума од 30 милиони евра.

Од друга страна, треба да се види како ќе се однесува Ернандез. Знаејќи дека за една година може слободно да преговара со други клубови, можеби ќе одлучи да остане на „Сан Сиро“.

Текстот Милан нема да му понуди нов договор на Ернандез е превземен од МАКФАКС.