Милан и Барселона се во “војна“ за дефанзивецот на Ајакс, Нусаир Мазрауи, кој во јули ќе биде слободен агент. Одбранбениот футбалер има договор со холандскиот тим до 30 јуни годинава и не е заинтересиран да потпише нов договор со холандскиот тим.
Негов агент е Мино Раиола, со кого Милан ги замрзнал односите откако Џанлуиџи Донарума замина во ПСЖ без никакво обештетување. За 24-годишниот фудбалер е заинтересирана и Борусија Дортмунд, но главни фаворит е Барселона.
Мазрауи може да игра како централен бек, десен бек, центар лев или центар лев, па тоа би бил одличен трансфер за Милан и за Барселона.
Роден е во Холандија, но избра да игра за Мароко, со кого има 12 настапи за сениорската репрезентација, додека за Ајакс има постигато 5 гола во 25 натпревари.