Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изрази жалење за одлуката на Србија да прогласи хрватски дипломат за персона нон грата.
На новинарско прашање како ја коментира одлуката и дали таа е поврзана со изборите во Србија или со шпионски активности на дипломатот, Милановиќ со одговор:
„Морате да ги да ги прашате властите во Србија, мене ми е многу жал за тоа и Хрватска можеше да реагира само со реципрочни мерки, на ист начин кон српскиот дипломат во Загреб. Што правел хрватскиот дипломат? Претпоставувам како и сите други дипломати, својата работа и ова не е продуктивна мерка и не придонесува за зајакнување, па ниту за зачувување на постоечкото ниво на односи кое не е баш високо, би можело да биде подобро“, изјави Милановиќ, кој учествуваше на неформалниот регионален состанок на лидерите на земјите членки на НАТО со генералниот секретар Јенс Столтенберг во Скопје.