Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес изјави дека само две земји во светот, како и пред 50 години, можат сами да војуваат во прашања поврзани со енергијата и ресурсите – тоа се САД и Русија, но не и Кина.

На Факултетот за организација и информатика во Вараждин, Милановиќ добар дел од својата презентација ја посвети на Русија и воениот конфликт во Украина.

„Русија е во изолација, кој ги изолираше? Колку луѓе има на земјината топка – 8,5 милијарди. Да погледнеме како се распоредени населението и политичките власти во околу двесте земји, и ќе видиме дека оние што ги изолираат Путин и Русија, заедно со Јапонија и Кореја, сочинуваат 12 проценти од светската популација, а 10 проценти се неутрални. Останатите не можат живи да нè видат“, рече тој.

Брилијантните стратези на Западот, рече Милановиќ, успеаја да го направат она што беше недостижно, да ги помират и збратимат Русија и Кина.

„Значи, сега ги имаме двете најопасни земји во светот со кои стекнавме пријатели, наместо да бидат на дистанца, така што Русија има одредена нервоза кон Кина, а не да пие од чашата на вечниот сојуз“, изјави претседателот на Хрватска, пренесува Хина.

Потсетувајќи се на зборовите на Владек Мачек: „Кога големите се караат, малите одат под маса“, тој рече дека тоа е одлична почетна точка за размислување, но не и добра имплементација. „Кога големите се караат, малите не одат под маса, малите се тргаат од масата. Јас би ја применил неговата максима на нашата ситуација во свет кој се менува до непрепознатливост“, рече Милалановиќ.

Фото:

Текстот Милановиќ: Само САД и Русија можат самостојно да војуваат, Кина сè уште не е превземен од МАКФАКС.