Поранешната балерина Мелани Хемрик (37) конечно ја потврди свршувачката со рокерот Мик Џегер (81), фронтмен на групата „Ролинг Стоунс“. Зошто конечно?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Hamrick (@melhamrick)

Затоа што Мик Џегер и Мелани Хемрик се свршија пред две-три години, а веста за свршувачката беше случајно откриена во неодамнешното интервју за „Paris Match“, пишува „TMZ“.

И покрај ова, Мелани тогаш рече дека не брзаат да се подготват за венчавката.

„Можеби ќе се венчаме еден ден, можеби не. Толку сме среќни со животот што го имаме во моментов што не сакаме ништо да промениме“, рече таа во интервју за „Paris Match“.

Тие се запознале во 2014 година на концерт на групата „Ролинг Стоунс“ во Токио, каде Мелани била танчерка.

Текстот Мик Џегер (81) се сврши со неговата 44 години помлада девојка е превземен од МАКФАКС.