Големи групи мигранти успеале да ја пробијат оградата на границата меѓу Белорусија и Полска. Наводно,
десетици луѓе успеале да ја урнат оградата кај селата Кринки и Бјеловјежа и да ја преминат границата, јави полската агенција ПАП повикувајќи се на локалната радиостаница Бјалисток.

Advertisements

Станицата ја цитираше портпаролката на граничните сили дека и во двата случаи оградите на границата биле насилно урнати.

„Некои мигранти беа однесени во Белорусија, додека други успеаја да избегаат“, рече таа.

Инаку, на белоруската страна сѐ уште има стотици мигранти.

Полска одбива да прими мигранти на нејзина територија, па во последните недели испрати стотици припадници на своите сили на границата и подигна бодликава жица во обид да спречи секој обид на мигрантите да се пробијат.

Прикажи повеќе