Од утре до среда, територијата на цела држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалово ниво на опасност од високи температури и согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, се преземат акции предвидени за фаза 2 – „Портокалово ниво“ на топлотни бранови, информираат од Министерството за здравство.Да се внесуваат повеќе течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на зеленчукот и овошјето пред нивна употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката, како и избегнување термички необработени производи, нагласуваат од Министерството за здравство.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.