Кошаркарите на МЗТ Скопје рутинирано дојдоа до бодовите во пресметката на домашен терен со Куманово со 86-71, што за аеродромци беше трет триумф во серија по поразот пораз од Пелистер.
Дамјан Стојановски со 25 поени (5/7 за тројка) беше најпрецизен кај „металците“, додека зад него по учинокот беа Хуан Дејвис со 16 и Немања Милошевиќ со 13 поени. Ѓорѓе Каплановиќ со 17 поени беше најефикасен кај гостинскиот тим.
Голема драма беше видена во борбата на дебитантите во Првата лига, по која поуспешен излезе домашниот тим на Феникс, кој по едно продолжение ги совлада Ангели со 83-80.
Вечерва играат уште Гостивар и Работнички односно ТФТ и МЗТ Скопје УНИ Банка, а пак утре ќе се сретнат Академија ФМП и Еуро Никел, додека задутре Пелистер ќе го пречека Кожув.