Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром, вечерва во Кавадарци го победи Еуро Никел со 75:69 во дербито на третото коло од кошаркарското првенство.
Домаќините добро го отворија мечот и успеаа да ја добијат првата четвртина со 21-17, но МЗТ направи пресврт и веќе до полувремето имаше водство од 10 разлика.
Во вториот дел домаќините не успеаа да направат ништо значајно, а Аеродромци го контролираа мечот.
Дамјан Стојановски со 18 поени беше прво име во победничкиот табор, кај поразените се истакнаа Џонатан Дејвис и Бранислав Џекиќ со 13 поени.