Плејмејкерот од САД, Морис Кари (34 год, 180 см) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, кој ќе треба да ја пополни празнината во ростерот по заминувањето на Дастин Вер во Франција во пресрет на вториот дел од сезоната во домашните натпреварувања и во АБА2-лигата.
Станува збор за искусен кошаркар, кој пред две ипол сезони беше дел од екипата на Крајова, каде што тренер му беше поранешниот македонски селектор и предводник на аеродромци, Александар Тодоров.
Кари повеќе од десет години настапува во Европа, откако по четирите сезони минати во Провиденс универзитетот интернционалната кариера ја почна во полски Кошалин.
Потоа настапуваше за екипи како грчки АЕК, австриски Гмунден, германски Мителдојчер, фински КТП, бугарски Лукоил Академик, француските Шалон Ремс, Нанси, Антиб и Поитерс, како и унгарските Сегед и Капошвари.