Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје, денеска го промовираше Филип Ѓоревски како нов генерален извршен директор.
Ѓоревски кој е поранешен играч на „аеродромци“ ќе го замени Тони Грнчаров, кој ја извршуваше истата функција изминатите четири години.
Филип Ѓоревски за МЗТ настапувал пред 15-тина години, а потоа неколку години беше и главен координатор на младинската школа на МЗТ Скопје.
Во играчката кариера има играно уште и за Вардар Осигурување, Карпош Соколи, Фаворити и Тоа сум јас, а изминатиов период, е меѓу творците на проектот наречен Академија ФМП, кој од второлигаш дојде до епитетот најпријатно изненадување во актуелнава сезона.