Актерката Розамунд Пајк се присети на аудицијата за улогата во „Die Another Day“, филм за Џејмс Бонд во кој глумеше Пирс Броснан, и раскажа како доживеала непријатна ситуација.
Како што изјави за „Харперс Базар“, на аудицијата од неа побарале да остане во долна облека.
„На аудицијата за Бонд ме замолија да се откопчам и да го соблечам фустанот што го носев, и да стојам таму во долна облека. И си помислив: ‘Па, не, тоа ќе го направам ако ја добијам улогата. Сега нема да го сторам тоа.‘ Не знам што ми беше тогаш“, раскажа таа.
Иако одбила да направи што ѝ било побарано на аудицијата, Пајк ја добила улогата во хит-филмот.
Претходно, Розамунд, во подкастот „David Tennant Does a Podcast with…“, зборуваше и за еден непријатен момент за време на снимањето на интимна сцена со Броснан.
„Се гушкавме, па се одвоивме и погледнав во лепенките за телото и оние за брадавици, а тие беа покриени со влакна. И си помислив: ‘О Боже, јас ги депилирам градите на Пирс.‘ Бев многу засрамена. Си реков: ‘Толку е храбар, јас му ги кубам влакната од градите со секое гушкање.‘ И секако, требаше неколку обиди за да сфатам дека тоа не бил тој. Тоа беше вештачкото крзно од теписите. Навистина мислев дека ги депилирам неговите гради“, раскажа таа.
Текстот „Ме замолија да се откопчам и да го соблечам фустанот“ – славната актерка откри непријатен момент од аудиција за улога во филм за Бонд е превземен од МАКФАКС.