Долгот по раскинувањето на договорот за изградбата на новиот Клинички центар во Скопје пораснал на 20 милиони евра, колку што треба да се исплатат на италијанската компанија.  Ова го изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, кој објасни дека ангажирана се американски адвокати за спорот.

Од сите засегнати страни формиравме координативно тело во Владата. Избравме и американска адвокатска канцеларија, меѓу најдобрите. Мојата единствена цел беше сериозно да пристапам на сите проблеми и да не го оштетиме државниот буџет. Како што знае јавноста, тоа беше проект од осум милиони евра, сега стигна арбитража во Лондон, судскиот процес стигна до 20 милиони, но може да достигне и повеќе, рече Меџити за ТВ 21.

Како што рече Меџити, за новиот клинички центар се заинтересирани неколку светски познати компании, но во секој случај не треба да се избрзува.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.