Македонскиот бенд „CODE 369“ од Битола, познат по својата силна музичка посебност, која комбинира фанк, џез, рок и поп, го објави својот втор студиски албум за Croatia Records – „Među zvijezdama“ („Меѓу ѕвездите“).
По успешното деби „Stages of Love“, овој нов албум го потврдува нивниот статус на еден од најсвежите алтернативни рок состави во регионот.
Автор на музиката за сите песни на албумот е Даниел Митревски, кој е и продуцент на албумот, додека текстовите се на пејачката Ирена Димовска, освен за песната „Конкретно“, кој го напиша Мила Влаисављевиќ. Албумот е снимен во студиото „Atelier“, а мастерингот е на Славко Ристески, работен во студиото Про Саунд. Визуелниот идентитет на албумот го дизајнираше Лана Ловриќ, чие уметничко решение ја следи атмосферата и пораката на албумот – патување низ емоциите и соништата.
„Албумот „Меѓу ѕвездите“ носи звук кој балансира помеѓу алтернативното изразување и комерцијалната прифатливост, притоа задржувајќи ја карактеристичната слобода, енергија и длабочина што обожавателите на бендот веќе ги препознаваат и ценат. Посебен фокус е ставен на синглот „Конкретно“, кој веќе наиде на одлични реакции кај публиката и критиката.
„CODE 369“ неодамна настапија на Деновите на Croatia Records во Македонија, каде во живо претставија неколку нови песни. Албумот досега беше достапен дигитално, а сега го има и како це-де издание, кое може да се купи и онлајн“.
Текстот „Меѓу ѕвездите“: македонскиот бенд „CODE 369“ со нов албум е превземен од МАКФАКС.