Денес, турската полиција уапси тројца патници во авион кој требаше да полета од Анкара за Дијарбакир, бидејќи меѓусебно се „шегувале за бомбата“.
Инцидентот се случил на аеродромот Есенбога, а откако качувањето било завршено во 8 часот наутро по локално време, тројцата патници почнале да се шегуваат користејќи го зборот „бомба“, објавува „Хуриџет“.
После тоа, стјуардесата му ја пријавила ситуацијата на пилотот и додека полицијата го пребарувала авионот за бомби, тројцата патници биле приведени.
За време на претресот не биле пронајдени експлозиви, а авионот полетал за Дијарбакир со задоцнување, објавува „Танјуг“.