Во текот на натамошниот процес на проширување, Европската Унија мора да биде подготвена за тоа дека правилата што важат за нејзините 27 членки нема да функционираат за 30, па дури и за 35 земји, рече претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во Берлин на конференција „Состојбата во Европа 2023“ спонзорирана од фондацијата Конрад Аденауер.
„Историјата ни покажува дека проширувањето на Европската Унија, засновано на јасни заеднички цели, претставува инвестиција во мирот, безбедноста и напредокот на европскиот континент. Тоа е процес што е од корист за сите вклучени страни. Затоа Европскиот парламент минатата година повика Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус, посочи таа и додаде дека тоа им дава јасна европска перспектива на овие земји и служи како силен поттик за развој и реформи“, рече Мецола.